Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Николоски од Брисел: Македонија го заслужува членството во ЕУ, но недостасува испораката од Унијата

Регионот, Македонија, мојата земја се борат за европските вредности со децении и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионот, Македонија, мојата земја се борат за европските вредности со децении и нема сомнеж дека за регионот нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО. Добро е што сме членка на НАТО, но испораката од ЕУ недостасува, истакна денеска во Брисел вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панелот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“ во рамки на „Самитот ЕУ-Зашаден Балкан“, што го организира тинк тенкот „Пријатели на Европа“.

– Некој рече дека сме фрустрирани, мислам дека веќе не сме фрустрирани, некако се навикнавме, како да е сето тоа нормално. Секако, ироничен сум, се обидувам да покажам со една реченица што се случува, рече Николоски.

Тој истакна дека во изминативе децении направивме голема жртва за пристапниот процес, но сега клучните играчи во ЕУ треба да бидат фер и да испратат искрена порака дали регионот и земјата ќе се приклучат кон ЕУ.

Реклама

– Прво, името го променивме двапати – прво беше за меѓународна употреба: Поранешна југословенска Македонија, потоа моравме да го промениме името за целиот свет, како и за внатре, во земјата, во Македонија. Ја променивме валутата, знамето, уставот седум пати, сега треба и по осми пат. И тоа е бескрајна приказна и кога зборувате со луѓето, тие прашуваат: дали е ова последната работа. И тоа е одговорот што не го добиваме, рече Николоски.

Тој додаде дека сега сме во комуникација со нашите бугарски пријатели и со други засегнати страни и нашето главно прашање е дали другата страна може да направи нешто, за да има некаква рамнотежа и многу често одговорот е не.

– Тоа е реалноста, но мислам дека треба да живееме со неа, не треба да кажеме: во ред, се откажуваме. Земјата се трансформира однатре, колку што можеме со наши внатрешни ресурси, но се обидуваме да користиме и меѓународни ресурси, без разлика дали преку соработка со ЕУ, со САД… Потпишавме договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, прва земја во ЈИЕ што потпишала ваков договор, имав чест да го потпишам тој договор во мај годинава. Не е дека не работиме, не е дека не се обидуваме или дека не бараме партнери и очигледно партнерите се таму каде што припаѓаме, во западната цивилизација. Во однос на ЕУ, да се согласувам, проширувањето е политичко, ниедно проширување на ЕУ не било неполитичко, почнувајќи од Грција и Португалија, во претходниот век, па големото проширување на почетокот на овој век, па се до Романија и Бугарија. Се било политички. Јасно е дека за овој регион недостига политичка волја, рече вицепремиерот Николоски.

Според него, се слушаат приказни за отворени прозорци, динамика, моменти … и тоа не се менува.

– Јас сега гледам многу отворени прозорци за две други земји во регионот кои се надевам дека ќе се остварат, бидејќи ни се соседи, но не сакам да сум им во кожата на политичарите во Албанија и Црна Гора во 2029 кога ќе им кажат: нема членство или ќе им кажат, може да дојдете на состанокот, но нема да имате право на глас или може да дојдете на овој состанок, но треба да излезете кога ќе дојде оваа точка на дневен ред, ова може да го правите, ова не, членка сте ама не сте членка. Не би сакал да сум во нивна кожа. И затоа мислам дека е фер да се има чесен пристап за регионот, потенцира Николоски.

Тој изрази стравување дека сè уште постојат сили во регионот кои се моќни, кои бараат да искористат прилика да ја преземат моќта со друга визија и чекаат процесот на проширување да пропадне.

– За различни земји причините се различни, но очигледно има недостиг на политичка волја. Сметам дека е фер да им се каже на луѓето од регионот – ова може, ова не може. И ајде да ги правиме работите што може да се направат. Ако може да направиме 10 од 20 работи, тогаш да ги испорачаме, бидејќи вака сме заглавени во ситуација на чекање: следниот самит, па следниот самит, јуни, декември, можеби во средина на март … и така времето си минува и она од што се плашам е што може да му се случи на регионот во иднина, истакна вицепремиерот.

Николоски потенцира дека во вакви услови единствен начин да се развиваат земјите е економската соработка и при тоа ги истакна владините планови за крупните регионални проекти со кои се унапредува економската соработка со соседите.

– Она што сметам дека треба да го правиме е да соработуваме економски, што веќе го правиме во регионот и да се поврземе. Ние сме земја без излез на море, но имаме два европски коридори кои минуваат низ земјата, коридор 10 од Переа во Атина, до Финска и коридор 8 од Јадранското до Црното Море. Инвестираме многу пари да изградиме автопатишта, железница и тоа е нешто што може да ја смени и обликува економската иднина на земјата и нешто што треба да го гледаме како иднина на регионот, рече Николоски.

Тој нагласи дека со Грција се преговара за креирање 13 линии на граничните точки, со цел се да функционира побрзо, а со Бугарија разговараме за железницата.

– Денеска ќе се сретнам со нивниот вицепремиер (Караџов), за да отвориме уште една гранична точка. Така се отвораме едни кон други и да се обидеме да го држиме тоа настрана од политичките игри, додаде Николоски.

Тој истакна дека поддршката за членство во ЕУ во регионот е сè уште висока и го потенцира случајот со Словенија и Хрватска, како модел за добра соработка и решавање на билатерални прашања, но како што рече за жал „иако Македонија е отворена за соработка, а од другата страна нема интерес“.

Според него, во регионот се шират многу дезинформации и некои медиуми ја трујат јавноста, при што единствениот начин на кој можеме да се бориме со тоа е да испорачуваме резултати.

– Мислам дека приказната за проширувањето е нешто што неколку клучни играчи во ЕУ го водат, кажуваат што ќе се случи, а што нема да се случи. Сметам дека е фер да се каже тоа на регионот и да се обидат да се поврзат со регионот преку други форми на комуникација и соработка. Не можам да разберам како е можно од нас да се бара повторно да го смениме Уставот, откако сменивме се што требаше да смениме, а од друга страна има 14 одлуки од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кои Бугарија не ги спроведува за македонското малцинство таму. И никој не им врши притисок, а нам ни се врши притисок. Се надевам дека ќе се промени ова, но не сум сигурен, рече Николоски.

Во однос на иницијативата Европска политичка заедница, Никослоски оцени дека тоа е добар форум за дискусија, што може да прерасне во нешто што ќе ја обедини Европа.

– Апетитот во регионот сè уште е голем и поддршката за членство во ЕУ е висока, но факт е дека има нови сили кои велат: не, не треба да го правите тоа. И затоа мислам дека е чесно да се зборува отворено со луѓето, нагласи Николоски во обраќањето на панелот.