Реклама

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Македонија

Град Скопје со предлог – препораки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух

Град Скопје денеска информира дека Секторот за заштита на животната средина како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Град Скопје денеска информира дека Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор предложила неколку препораки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во пресрет на зимската сезона.

– Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор во врска со предлагањето мерки и активности за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, согласно со акционите планови за воздух а во пресрет на зимската сезона и на очекуваните епизоди со зголемено загадување на воздухот, ги предлага следниве препораки: редовно чистење на оџаците од домовите и одржување на грејните тела; за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми или каков бил синтетички материјал; да се користи суво и чисто дрво за затоплување, без примеси од земја и отпадоци; печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и редовен сервис на котли, печки и клима уреди за ефикасно согорување и помалку емисии на штетни материи, се вели во објавата на Град Скопје објавена на Фејсбук.

Градот Скопје соопштува дека во наредниот период ќе следат засилени инспекциски контроли на сите постројки кои поседуваат елаборати за заштита на животната средина или Б-интегрирани еколошки дозволи, а особено внимание ќе се посвети на откривање и спречување на спалувањето отпад.

Реклама

Објавата може да ја погледнете на следниот линк: