Реклама

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Македонија

Манасиевски: Љупчо Николовски набавил поскапо жито за стоковите резерви за 1,3 милиони евра, откако претходно Заев и Филипче му го отпишаа кусокот

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Љупчо Николовски треба да даде јасни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Љупчо Николовски треба да даде јасни одговори дали грантот за фирмата Тргопродукт вреден 1,4 милиони евра од ИПАРД програмата е подарок за Заев и Филипче затоа што му потпишаа отпис на 2000 тони жито?, соопшти членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на прес-конференција.

Љупчо Николовски треба да даде јасни одговори дали отписот на 2000 тони жито од стоковите резерви на државата е направен за да може во 2022 година, да направи набавка на 20000 тони жито поскапо за 1,3 милиони евра?

Исто така, Љупчо Николовски треба да даде одговори, прво зошто е направена оваа набавка на 20.000 тони жито едно по друго, по отписот на кусокот што го потпишале Заев и Филипче кога велеа дека стабилни и доволни се стоковите резерви на државата? Дополнително, зошто набавките за житото биле поскапи за цели 1,3 милиони евра?

Реклама

20.000 тони пченица државата ја чинело 532 милиони денари или 8,6 милиони евра, односно еден тон жито бил 26.625 денари, а килограм 26.6 денари.

Зошто го говориме ова? Ова е многу важен сегмент, бидејќи пченицата која била набавена од Србија, истата цената на берзата во Нови Сад била 20,5 денари, дополнително трошоци за транспорт од 1,5 до 2 денари по килограм се доаѓа до цена од 22,5 денари, што е за цели 4 денари помалку од оние кои државата ги платила поради Љупчо Николовски, Заев и Филипче, или 1,3 милиони евра повеќе пари биле потрошени на граѓаните.

Николовски треба да одговори зошто државата платила 1,3 милиони евра поскапа сума за житото и дополнително, зошто оваа сума од 1,3 милиони евра е скоро идентична на онаа која Заев преку својата фирма Тргопродукт ја добил од грант, а таа е 1,4 милиони евра?

Ги повикуваме и ДКСК и ЈО да постапат по овој случај и да го истражат.