Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Муцунски: Западен Балкан треба да остане во засилен фокус на НАТО и ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел.

На состанокот, како што соопшти МНРиНТ, министрите разговараа за имплементацијата на одлуките донесени на Самитот во Хаг, зајакнувањето на колективната одбрана и одговорот на современите безбедносни предизвици.

Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласил важноста од долгорочен и стратешки пристап на Алијансата, како и потребата од единство меѓу сојузниците во насока на одржлива политичка волја, фер распределба на товарот и колективна посветеност. Тој укажал и на потребата од заеднички пристап за постигнување долгорочно и заемно прифатливо мировно решение, преку конструктивниот дипломатски процес отпочнат од САД и Украина, со поддршка на партнерите.

Реклама

-Министерот истакна дека Западен Балкан треба да остане во засилен фокус на НАТО и ЕУ, при што ваквиот усогласен и стратешки ангажман ќе придонесе за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот, како и за поддршка на целосната интеграција на земјите од регионот во европските и евроатлантските структури, стои во соопштението на Министерството.