Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Приватниот ИКТ-сектор во центарот на новите дигитални реформи

Со просечна бруто плта од 2 ипол илјади евра, ИТ секторот останува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со просечна бруто плта од 2 ипол илјади евра, ИТ секторот останува еден од секторите со највисоки примања во Македонија. Речиси 3 илјади компании и околу 25 илјади вработени, лани имаат остварено приходи од над 1,65 милијарди евра.

Македонија има огромен потенцијал во компјутерските технологии, одлични и квалитетни кадри кои излегуваат од универзитетите. Сега е шанса да ги искористиме во приватниот сектор, за потоа тие да и помогнат на државата во дигиталната трансформација, смета министерот Стефан Андоновски. И тој потврдува дека платите во приватниот сектор се подобри, но државата, напомена, нуди стабилност и со соработка може да се дојде до резултати.

  • „Има конкуренција во плати и државата никогаш нема да го стаса приватниот сектор исто како што приватниот сектор никогаш нема да ја стаса стабилноста на државата. Ние гледаме како нашите позиции во Министерството да бидат поатрактивни со конференции, обуки и патувања во странство, активности и креирање политики, додека приватниот сектор тоа повеќе го прави со мотивација преку плати. Таа симбиоза може да донесе резултати, рече Андоновски.

Претседателот на Стопанската комора во ИТ секторот, Јордан Димитровски е дециден дека македонскиот ИТ сектор е во добра кондиција и дека ги следи трендовите.

Реклама
  • „Очигледен е растот на на ИКТ секторот, а тоа го покажуваат и прелиминарните бројки за 2025 година. Македонските ИТ компании ги следат европските стандарди. Многу од нив кои се на ниво на европските, работат за странство, посебно за европските држави. Ги следиме трендовите во Европа, но и предизвиците. Сепак, ИТ секторот кај нас е во добра кондиција и секоја година бележи раст над 10 отсто,“ подвлече Димитровски.

Во процесот на дигитализација, владата соработува на највисоко ниво со приватниот сектор. За надградување, надлежните ќе иницираат македонски компании да бидат носители за спроведување на европските проекти во државата, а исто така институциите да обезбедат доволно квалитетен кадар што ќе  ги води тие проекти. Тоа за цел ја има конференцијата која ја организира МАСИТ, на која учествуваат повеќе од 300 гости од Македонија и регионот, кои дебатираат за модернизација на дигиталната инфраструктура и телекомуникациите, како и можностите кои ги нуди вештачката интелигенција.