Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

УКИМ на Startup Revolution AI Summit 2025 и претставување на европскиот проект TECHSIGHT

Со задоволство би сакале да ја информираме јавноста за учеството на Универзитетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со задоволство би сакале да ја информираме јавноста за учеството на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на Startup Revolution AI Summit 2025 и претставувањето на европскиот проект TECHSIGHT, кој има за цел зајакнување на капацитетите на високообразовните институции, со што директно придонесува кон развој на поконкурентна и иновативна економија, наведува во соопштение Мила Велковска, докторанд на Машински факултет при УКИМ.

Startup Revolution AI Summit 2025, кој се одржа од 27 до 30 ноември во Скопје, се  етаблира како еден од најголемите регионални собири на иноватори, основачи, инвеститори и технолошки лидери. Во текот на четирите дена, настанот обедини повеќе од илјада учесници, над двесте стартапи и гости од цела Европа и пошироко, кои се собраа да разменат идеи, да градат партнерства и да презентираат нови технолошки решенија.

На овогодинешниот Самит, проф. Владимир Трајковиќ од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја одржа својата главна презентација со наслов „Од истражување до приходи: Како deep-tech иновациите стануваат инвестибилни“. Во своето излагање тој се осврна на еден од најголемите предизвици во иновациската сфера: зошто голем број научно квалитетни идеи никогаш не стигнуваат до пазарот. Рефлектирајќи ги клучните идеи од презентацијата, Трајковиќ истакна дека многу ветувачки истражувачки концепти не пропаѓаат поради научни недостатоци, туку затоа што предоцна излегуваат на пазар или не препознаваат навремено во која насока се движи индустријата. Централен дел од неговата презентација беше претставувањето на EIT HEI проектот TechSight — иницијатива финансирана од ЕУ, посветена на зајакнување на deep-tech капацитетите во европското високо образование. Како што беше прикажано на Самитот, TechSight работи на модернизирање на универзитетите преку развивање на напредни механизми за стратешка предвидливост, зајакнување на иновациското лидерство и оспособување на студентите и истражувачите да ги претворат раните научни увидувања во значајни и применливи иновации. Проектот развива сценарија, следи технолошки трендови и создава нови модели на поддршка за иновации, позиционирајќи ги универзитетите како активни двигатели на технолошкиот развој на регионално и глобално ниво.

Реклама

Пред публика составена од основачи, инвеститори, едукатори и менаџери за корпоративни иновации, Трајковиќ нагласи дека иницијативи како TechSight играат клучна улога во надминување на јазот меѓу академските откритија и пазарните потреби. Тој посочи дека универзитетите не треба само да создаваат ново знаење, туку и да предвидуваат промени, да препознаваат рани сигнали и да дејствуваат навреме за deep-tech идеите да станат инвестибилни и подготвени за пазар.

Startup Revolution AI Summit се покажа како идеална платформа за промоција на целите на TechSight, поврзувајќи го проектот со екосистемот — стартапи, инвеститори и иновациски лидери. Овој настан уште еднаш ја потврди важноста на заедничката соработка и континуираната поддршка во градењето посилен иновативен и претприемачки екосистем.