Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Владата е подготвена да издржи секакви политички удари макар и за само еден спасен живот преку „Безбеден град“: Регистрирани се 110.000 сообраќајни прекршоци за 24 часа во Скопје

Десет пати повеќе прекршоци регистрирал „Сејфт сити“ во Скопје во првите 24…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десет пати повеќе прекршоци регистрирал „Сејфт сити“ во Скопје во првите 24 часа од тест период за разлика од претходните пробни мерења на полицијата. Дури 110.000 пати се возело со пречекорена брзина, се поминувало на црвено, а биле фатени на камери и околу 1000 нерегистрирани возила. Излегоа на виделина непочитувањата на прописите заради што многу луѓе ги изгубија животите. И покрај бројните реакции и критики, власта прифаќа и политички удари за да се спаси барем еден човечки живот повеќе. Претседателот на Владата, вели дека се спремни за сите критики само да се зголеми безбедноста на граѓаните.

  • „Јас во разговор со министерот за внатрешни работи реков дека подготвени сме како Влада да ги трпиме  сите критики, слушам некои поранешни пратеници на СДСМ и ДУИ кои го критикуваат ова, возеле 52,53,55, па добиваме опомени. И со 50,5 ќе добијат опомени бидејќи си има правила што значи прилагодена, а што неприлагодена брзина. И ако еден човечки живот успееме да спасиме, еве јас сум подготвен целиот товар да го прифатам на себе и да ја понесам целокупната политичка одговорност,“ рече Мицкоски.

И министерот за внатрешни работи, апелира дека при секоја критичка анализа на „Сејфт сити“ граѓаните, стручната фела и медиумите , секогаш да го земаат предвид бројот на жртви 142-ца, кои загинале во сообраќајни незгоди само минатата година.

Тест периодот што почна во Скопје, Куманово и Тетово покажал и слабости. Граѓани кои воопшто не седнале зад волан добиле порака дека имаат направено прекршок. Пробниот пеорид е за да се корегираат сите недостатоци, објаснува министерот Тошковски. Според него, приодот за прилагодување на системот може да биде продолжен и до први февруари се со цел и граѓаните да бидат целосно запознаени со „Сејфт сити“. 

Реклама
  • „Тоа е катастрофална бројка. Вчера имаше околу 1.000 нерегистрирани возила, околу 5.000 поминувања на црвено што е катастрофално. Најстрашно е што над 90% од вкупната бројка е пречекорување на брзината“ – додаде Тошковски.

Ако пропишаната брзина е 50 километри на час, толку треба и да се вози. Дали ќе има толеранција за 10 проценти од дозволеното, ќе се утврдува допрва по спроведените тестирања, најави Тошковски. Од прописи единствено исклучени ќе бидат брзата помош, полицијата и пожарната, но не и функционерите и државните возила. Најмалку тројца возачи на министри биле казнети досега, рече министерот.

  • „Ниту министерот за внатрешни работи во рамки на тековното работење, нема да биде екскулпиран во сообраќаен прекршок. Во рамки на утврдена процедура за министер за внатрешни работи, претседател на држава, премиер, претседател на Собрание, тука важат други правила на игра…Вие сакате да чуете нешто што би дало шмек и доза дека не важи правилото за министерот. Но тоа не е точно. Министерот нема цел живот да биде министер, еден ден нема. И сега ако министерот управува возило над дозволеното, ќе биде казнет. И досега биле казнети министри“, рече Тошковски.

Дополнително, ќе има и корекција или подобрување на сигнализацијата како на пример на коридорите 8 и 10, каде што има технички проблеми што би требало да се надминат во следните две недели. 

Според планот на Владата, Безбеден град ќе биде имплементиран во цела држава во првата половина на идната година. Поставувањето ќе оди согласно бројот на возила, жители и статистиката за сообраќајни незгоди. „Сејфт сити“ е само еден од проектите кои Тошковски ќе ги спроведува идниот период, нагласи самиот, одговарајќи на прашање дали ќе биде сменет во рамки на најавената реконструкција на Владата.