Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Министерката Јаневска на Конференција за стратегиите за паметна специјализација во процесот на проширување на ЕУ во Брисел

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска во Брисел ќе учествува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска во Брисел ќе учествува на Конференција посветена на стратегиите за паметна специјализација во процесот на проширување на ЕУ, организирана од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (ЈРЦ).

Предвидено е Јаневска да се обрати на панелот „Процеси на паметна специјализација во Западен Балкан: клучни достигнувања и искуства“, при што според најавата ќе ги презентира досегашните резултати од Акцискиот план 2024-2025 на Стратегијата за паметна специјализација.

Покрај Јаневска, на панелот ќе учествуваат и косовската министерка за индустрија, претприемништво и трговија Розета Хајдари, црногорската министерка за образование, наука и иновации Анѓела Јакшиќ Стојановиќ, државната секретарка во српското Министерство за наука, технолошки развој и иновации, Марија Гњатовиќ и директорот на Директоратот за економско планирање на Босна и Херцеговина, Зоран Жељко. Модератор на панелот ќе биде директорката за стратегија и влијание во ЈРЦ, Сабине Хенцлер.

Реклама

Конференцијата ќе започне со воведни обраќања на еврокомесарката за проширување Марта Кос и генералниот директор на Заедничкиот истражувачки центар на ЕК, Бернард Магенхан, а пред учесниците ќе се обратат и директорот за фер и одржлива економија во ЈРЦ, Микел Ландабасо, директорката за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и источно соседство (ДГ ЕНЕСТ), Валентина Суперти и амбасадорката на ЕУ во Украина, Катарина Матернова.

Во рамки на Конференцијата ќе се одржат и тркалезна маса на тема „Патот кон стратегии за паметна специјализација во регионот на Црното Море“ и панелите „Нови патишта за конкурентност и соработка во регионот на проширување на ЕУ“ и „Иновација и паметна специјализација на патот на Украина кон пристапување кон ЕУ“.

Во најавата на Конференцијата се посочува дека во текот на последната деценија, паметната специјализација стана еден од основните стратешки пристапи кон истражувањето и иновациите, како и ефикасен инструмент на политиката за поголема конкурентност и зголемување на можностите во ЕУ.

– По успехот на паметната специјализација низ цела Европа, земјите кандидати за членство во ЕУ, исто така, избраа да развијат стратегии за паметна специјализација за да ги зајакнат своите иновативни екосистеми, да ја поттикнат социо-економската трансформација или да ја промовираат регионалната соработка, сите неопходни за иднината на регионот и неговиот пат кон интеграција во ЕУ, се вели во најавата.

Според организаторите, процесот на проширување на ЕУ претставува можности и предизвици за земјите опфатени со пристапниот процес, а ефективната интеграција бара и робусни стратегии за економски развој и иновации.

– Во моментов, паметната специјализација претставува клучен столб во процесот на пристапување во ЕУ, што е рефлектирано и во Поглавјето 25 од законодавството на ЕУ. Сите земји опфатени со проширувањето на ЕУ постепено се посветија на развојот на стратегии за паметна специјализација и во моментов или ги дизајнираат или ги спроведуваат своите стратегии. Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија активно ги поддржува преку практични упатства и целни анализи поврзани со нивниот институционален и административен капацитет, се додава во најавата.