Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е одлука на Владата, но Уставниот суд ќе го даде конечниот став

Барањето на сите релевантни здруженија на пензионери, вклучувајќи го и Сојузот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Барањето на сите релевантни здруженија на пензионери, вклучувајќи го и Сојузот на здруженија на пензионери во Македонија, беа во насока на линеарно зголемување на пензиите и Владата тоа го испочитува, но конечната оцена за уставноста на мерката треба да ја даде Уставниот суд, вели директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов. 

Во интервју за Радио Слободна Европа, Мемов, посочува дека до Уставниот суд се поднесени две граѓански иницијативи и дека во тек е јавна расправа. – Одлуката е пред донесување, односно трае јавната расправа околу ова значајно прашање во општеството, посочува Мемов, истакнувајќи дека законските измени се донесени минатата година по барање на пензионерите за воведување на швајцарски модел, односно наместо процентуално, зголемувањето на пензиите да биде линеарно.

– Ова усогласување се прави заради намалување на животните трошоци, односно усогласување на животните трошоци и животниот стандард со покачувањето на ценовните на шокови во општеството и заради зголемување на платите во општиот сектор. Зголемувањето на пензиите значи зголемување на животниот стандард на пензионери, вели Мемов.

Реклама

Прашан зошто пензионерите што живеат во странство не добија линеарно покачување, Мемов рече дека аргументацијата била дека тие не ги чувствуваат ценовните шокови во земјата. – Аргументацијата во Собранието беше дека тие не ги чувствуваат ценовните шокови и инфлацијата во Македонија, посочува Мемов и додава дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дискриминација, но, како што рече, одлука по ова прашање ќе донесе Уставниот суд.

Најави дека во март пензионерите ќе добијат ново линеарно покачување од 1.000 денари, а од септември ќе се врати старото процентуално усогласување. Во Буџетот за 2026 година, Мемов посочува дека се предвидени околу 117 милијарди денари за исплата на пензии, меѓутоа, вели, предвидено е и исплата на здравствено осигурување на пензионерите. За да биде системот одржлив, тој нагласува дека Владата ќе обезбеди една милијарда евра за Фондот за ПИОМ.

– Слободно можам да кажам пензионерите може да бидат спокојни дека исплата на пензии секако дека ќе биде редовна и ние ги исплаќаме пензиите редовно на први во месецот. Во Буџетот за 2026 година предвидени се околу 117 милијарди денари за исплата на пензии. Меѓутоа, предвидено е и исплата на здравственото осигурување на пензионерите, исто така и транзициските, практично трошоци кон пензиските друштва во вториот столб. За таа цел, за да биде системот заокружен и одржлив, Владата ќе обезбеди околу 62 милијарди денари, тоа е околу 1 милијарда евра, трансфери кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за обезбедување навреме исплата на пензиите, на здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци кон вториот столб, вели Мемов.