Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Арсовски бара извинување од СДСМ: Немам никаква врска со сопствениците на фирмата „Дигитал оне“

Серија скандали за криминалот на владата на Мицкоски, најави опозициската СДСМ. Тврдат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Серија скандали за криминалот на владата на Мицкоски, најави опозициската СДСМ. Тврдат дека фирмата со име „Дигитал оне“,  формирана на крајот на август лани, со само двајца работници за една година, добила тендери од скоро 9 милиони евра, народни пари. Опозицијата постави низа прашања на прес-конференција: едно од нив: дали оваа фирма била блиска со поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димса Арсовски. Ги повикуваат истражните органи да отворат истрага.

  • Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра. Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добијат речиси 9 милиони евра? Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е? И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски? – прашуваат од СДСМ.

Експортпаролот на ВМРО-ДПМНЕ остро ги демантира обвинувањата на опозицијата за каква било поврзаност со фирмата која го добила тендерот. Ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сме во роднински врски одговара Арсовски и тврди дека единствено што е исто е презимето.

  • „Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери. Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство. За разлика од нив, секој мој прес каде што било изнесено било што како информација, било точно и потврдено, а не како нивниве лаги и измислици. Знам дека се уште ги боли што ја изнесував секојдневно вистината за нивниот криминал,“ пишува Арсовски.

Арсовски јавно побара извинување од СДСМ бидејќки како што вели ова се лаги и измислици на опозицијата.