Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Андоновска: СДСM да не го брани криминалот на Заев, Филипче и Николовски во вредност од 800.000 евра, туку да го осуди и да се огради од истите

СДСM очајнички ги брани криминалците од своите редови, како Трајан Димковски, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM очајнички ги брани криминалците од своите редови, како Трајан Димковски, кој по насока на Заев, Филипче и Николовски извршил отпис на 2000 тони јачмен и пченица, и го оштетил буџетот за близу 800.000 евра, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Андоновска, стои во партиското соопштениет.

Наместо да се оградат и да го осудат ваквото девијатно однесување на Димковски, тие ревносно го бранат криминалот вреден 800 илјади евра.

Во услови на глобална криза, за Заев, Филипче и Николовски приватниот интерес секогаш беше на прво место. Јавноста мора да знае, дали отпишале 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви, па преку Димковски овие продукти завршувале на црн пазар во соседна држава? Дали исто така, Димковски ќе одговара за сите овие тројца кои се прв ешалон на тогашната власт? Затоа ли Николовски е толку гласен деновиве? Дали во СДСM има страв дека се одмотува клопчето и ќе се дознае вистината?

Реклама

Ако СДСM сака да се реформира, мора да се огради и дистанцира од криминалците во своите редови, почнувајќи од Заев, Филипче и Николовски.