Уште три деца од основното училиште “Димо Хаџи Димов” се примени на Клиниката за детски болести. Во моментов вкупно пет се хоспитализирани и се во стабилна здравствена сосотјба – инфомрира директорот на клиниката. Сите ученици имале исти симптоми, стомачни болки, повраќање, дијареа и зголемена телесна темература, што укажува на сомнеж за труење со храна.
“Има уште неколку деца со поблаги симптоми кои вчера биле на преглед на Детската клиника, кои добиле само амбулантски третман и се пуштени дома и денеска биле на контрола” – велат од Клиниката за детски болести.
Од Институтот за јавно здравје, кои беа дел од вонредната инспекција во училиштето, велат дека резултатите од земените мостри ќе бидат објавени утре, затоа што за точни резултати потребни се 48 часа. Земени се примерци од неколку училници,водата, кујната и брисеви од вработените. Досега 20 деца и четворица вработени се пријавиле во ИЈЗ со симптоми на труење.

Училишните оброци се под лупа од надлежните. Аенцијата за храна и ветеринарство заедно со инспекторти од општина Карпош спроведуваат вонредни конторли во 9 училишта.
ДСЗИ вчера ја затвори кујната во училиштето и даде препораки за дезинфекција и деритизација.
Денеска помалите ученици не следеа предавања, а во училиштето беа присутни само учениците од предметна настава.
