Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Собраниска делегација, утре и задутре, на 24. Состанок на МПК – РСМ и ЕУ во Стразбур

Собраниската делегација, утре и задутре ќе учествува на редовниот 24. состанок на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската делегација, утре и задутре ќе учествува на редовниот 24. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и Европска Унија, односно Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација, кој ќе се одржи во Европскиот парламент во Стразбур, Франција.

На состанокот ќе учествуваат Иванка Василевска, шефица на делегацијата, Жаклина Пешевска и Соња Мираковска, заменик-претседателки, членките Арбана Пашоли, Саранда Имери-Стафаи и Славјанка Петровска, како и заменик-членот Љупчо Пренџов.

Состанокот, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе го отворат копретседавачите на Мешовитиот парламентарен комитет – пратеничката Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер, а потоа дискусијата ќе продолжи на повеќе теми, како што се: Основни права и слободата на говор; Владеење на правото и борбата против корупцијата; Перспективите на пристапните преговори, добрососедските односи, регионалната соработка и регионална стабилност.

Реклама

Ученците на отанокот ќе разговараат и за прашања поврзани со животната средина, транспорт, енергија и инфраструктурна поврзаност, вештачка интелигенција и дигитализација.

Во делот на размена на мислења, свои обраќања ќе имаат и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

На вториот ден од состанокот се очекува да бидат усвоени соодветни заклучоци по сите дискутирани теми.

Мешовитиот парламентарен комитет, во чија работа заеднички учествуваат пратеници од Собранието на Република Северна Македонија и пратеници од Европскиот парламент, претставува единствен ваков форум за директен парламентарен дијалог и интензивна соработка. Оваа размена се одвива преку редовни состаноци кои во текот на годината се одржуваат еднаш во Скопје, еднаш во Брисел или Стразбур, во зависност од тоа каде заседава Европскиот парламент.