Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Партијата на пензионери бара зголемување на лимитот за бесплатно болничко лекување

Партијата на пензионери уште еднаш укажува и бара да Владата итно го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на пензионери уште еднаш укажува и бара да Владата итно го зголеми номиналниот лимитот за бесплатно болничко лекување на пензионерите со ниски пензии, се вели во соопштението.

Имено од март 2025 год. со зголемување на пензиите за 2500 денари, минималната пензија го достигна прагот од 18.292 денари, додека лимитот за бесплатно болничко лекување сеуште е 18.000 денари. Со самиот тој факт, подолг период ни еден пензионер во државата не е ослободен од партиципација за болничко лекување што најмногу ги погодува пензионерите со најниските пензии и нивните семејства. Мора да се нагласи дека овој проблем е уште посложен, бидејќи во исто време ние имаме и највисоки цени на лековите во регионот.

Од горе наведените причини Партијата на пензионери бара лимитот до кој пензионерите нема да плаќаат партиципација за болничко лекување од јануари 2026 година да изнесува 25.000 денари, а во иднина, истиот да биде константно врзан со висината на минималната плата.