Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Трајков: Владата го подобрува животот на младите за да ги задржи дома

Реалноста покажува дека младите не само во нашата земја, туку и во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реалноста покажува дека младите не само во нашата земја, туку и во регионот се соочуваат со бариери и потешкотии на нивниот кариерен пат и во градењето на нивната визија за тоа дека сакаат да живеат во општество каде нивниот потенцијал ќе дојде до израз. Ова го истакна заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска во Собрание на промоција на публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Македонија”.

-Сите ние, земјите од регионот делиме исти амбиции и исти желби, а тоа е што поскоро да се приклучиме на европското семејство, да ги подобриме состојбите дома и да донесеме подобар живот за сите нас. Но, делиме и исти стравови. А тие стравови доаѓаат преку гласот на младите.  Навистина е обесхрабрувачки кога ќе се слушне за се поприсутниот  евроскептицизам, кога ќе се дојде до податоците содржани во публикацијата за која зборуваме денеска, а кои покажуваат дека младите се плашат за својата иднина овде, дома, но истовремено со доза надеж дека еден ден и ние ќе станеме дел од Европа, порача Трајков.

Таа нагласи дека Владата работи со младите и за младите бидејќи тие се сржта на општеството и нашата иднина. Потенцира дека вербата во нив и нивниот потенцијал и вештини е она што ги води напред и им дава сила смело да продолжат напред со реформите и со релизација на зацртаните планови за иднината.

Реклама

-Се посветивме целосно во подобрување на животот на младите за да ги задржиме тука. Преземавме мерки за подобрување на нивното образование, преку олеснување во набавка на ИТ опрема, реновирањето на студентските домови, ги подобривме можностите за вработување на младите, а овозможивме и нивна поддршка во земјоделството. Фокусирани сме на целосна реализација на реформските процеси како дел од Реформската агенда, мораме да ги зајакнеме нашите институции, да ја подновиме патната и железничката инфраструктура, да ги модернизираме условите во болниците, во училиштата. Сакаме да ги стимулираме младите да останат овде. Заедно да го градиме европскиот живот тука, дома, заклучи Трајков.