Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Сослушан сведок во случајот „Геријатрија“, судењето продолжува на 5 декември

На денешното рочиште за случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешното рочиште за случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје на предлог на одбраната сведочеше сведок вработена како архивар во установата, која поради боледување на секретарката на директорот била на замена на тоа работно место.

Прашана дали на состанок со директорот дошло лице со име и презиме Небије Заимовска, одговори потврдно.

-Дојде едно лице, се претстави со тоа име, дојде со еден човек и рече дека имала закажано, а всушност немаше закажано. Јас потоа влегов да го прашам дали може да влезе бидејќи немаше закажано со него, потоа директорот ја прими, рече таа.

Реклама

На прашање од обвинителството дали вакви ненајавени посети биле вообичаени, Петровска одговори дека имало случаи кога лица без закажан термин биле примани, зависно од ситуацијата и слободното време на директорот.

-Зависеше од конкретната ситуација, дали е слободен, дали има состанок и ако беше слободен некои странки не ги примаше, ако се ненајавени, или, пак, нешто бараат што не е во врска со нашата установа, дополни таа.

На претходните рочишта беа презентирани фото и видео материјали прибавени со посебни истражни мерки, кои ги документираат средбите меѓу обвинетите Мухсин Арифи и Блерим Амити со сведокот на повеќе локации во Скопје, како и предавањето на парични средства на 8 април годинава.

Воедно, на предлог на одбраната беше сослушан и сведок кој рече дека за случајот знае, зошто поранешен колега од  КПУ Идризово го прашувал дали го познава Мухсин Арифи, зошто, како што му рекол, имал братучед со многу болна жена за да одат до кај него да прашаат која е процедурата за таа да биде примена на Геријатрија. 

Сведокот рече дека му рекол дека лично не го знае, а бидејќи го замолил, дека ќе му се јави преку месинџер да го праша дали сака да ги прими. Колегата подоцна му кажал дека директорот ги примил и имале многу убав разговор. Сведокот, како што рече, после тоа немал никаков контакт. 

Одговарајќи на прашање, сведокот нагласи дека ниту се видел, ниту со никого зборел или барал пари за да договори средба со директорот. 

Според обвинителниот акт, Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од полицијата.

Обвинетите на почетокот од судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.

Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.