Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Македонците од Мала Преспа во Канада ги продолжуваат традициите, го одбележаа Св. Архангел Михаил, заштитникот на Малопреспанци

Македонското друштво „Мала Преспа“ во Канада, го одржа својот традиционален годишен банкет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското друштво „Мала Преспа“ во Канада, го одржа својот традиционален годишен банкет во чест на Свети Архангел Михаил, заштитникот на Македонците од Преспа.

Настанот се одржа во Мисисага и собра голем број македонски семејства, гости и пријатели од пошироката област на Торонто и од САД.

-Друштвото „Мала Преспа“ претставува едно од најзначајните и најактивни македонски друштва во Канада, обединувајќи членови од различни генерации кои заеднички работат на зачувување на македонската традиција, јазик и културен идентитет, како и на реализирање хуманитарни и заеднички иницијативи, објави весникот „Македониум“.

Реклама

Името го носи од историската област Мала Преспа покрај југозападниот брег на Преспанското Езеро, составена од девет села обединети во една општина, со Пустец како најголема населба и административен центар.

На свеченоста присуствуваа претставници на македонски православни цркви, културни и други организации, како и бројни поддржувачи и пријатели кои го негуваат духот на македонското единство.

“Особено впечатлив дел од програмата беше настапот на фолклорниот ансамбл „Илинден“ од црквата „Свети Илија“ во Мисисага. Малата, преодната и големата група приредија извонредна изведба на традиционални ора, покажувајќи дека македонската песна и игра живеат и меѓу младите генерации во дијаспората, наведува весникот.

Забавата продолжи со музичка програма на Balkan Entertainment и пејачот Менде Куновски, како и со настап на младиот гајдаџија Андреј Димитриоски, кој со својота изведба привлече големо внимание и аплауз од публиката.

Настанот бил збогатен со богата лотарија и дружење до доцна во ноќта, во духот на македонската традиција, заедништво и радост. 

“Овој банкет уште еднаш покажа дека Македонците од Мала Преспа, и покрај далечината од родниот крај, силно го чуваат својот идентитет и остануваат поврзани со своите корени, вера и љубов кон родното место, констатира весникот „Македониум“.