Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Сиљановска-Давкова ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“:

Како што соопштуваат од Кабинетот на Сиљановска, орденот на Кедев ќе му биде доделен за храбриот придонес во конституирањето на самостојна и независна Македонија и за активното учество во развојот на македонската демократија, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, крунисани со членство во престижни научни меѓународни асоцијации.

Натаму, додаваат оттаму, за уживањето посебен углед како врвен интервентен кардиолог којшто вовел иновативни техники и методи, извршил неколку илјади коронарни интервенции и над 1 600 транс-радијални каротидни стентирања, за исклучителните образовни и научни успеси, потврдени со 230 публикации со импакт-фактор на платформата „Wеb of Science“, H-индекс 36 и 13 650 цитати, за продлабочувањето на меѓународната соработка како почесен конзул на Индонезија.

Реклама

Орденот на Кедев исто така ќе му биде доделен и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина, наведуваат од Кабинетот на претседателката.