По обилните дождови, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира на претпазливост поради покачените водостоји и поплавувањата во повеќе региони.
- Се препорачува граѓаните да не користат заматена вода од индивидуални водоводи се додека не биде потврдена нејзината безбедност.
- Храната што била во контакт со поплавена вода или чувана во поплавени фрижидери и подруми треба да се фрли.
- Оброците треба да се подготвуваат со безбедна вода и задолжително термички да се обработуваат.
- Овошјето и зеленчукот треба да се мијат и дополнително термички да се обработат.
- Сопствениците на миленици и сточари треба да обезбедат храна, вода и засолниште за животните на безбедна локација.
- Во случај на евакуација, животните треба да се префрлат на суво и повисоко место, а сточната храна да се заштити.
Прогнозите од Управа за хидрометеоролошки работи велат дека врнежливото време ќе продолжи и во текот на викендот.
