Реклама

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Македонија

Сиљановска-Давкова оствари средба со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на Глобалниот совет за толеранција и мир

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир“, кој беше придружуван од неговите соработници.

Ал Џарван, како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, истакнал дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет“ постојано се проширува и дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција.

Тој нагласил дека во парламентарната демократија и во меѓукултурниот дијалог препознава мировни механизми за промоција и гаранција на мирот и толеранцијата на сите нивоа и во сите средини.

Реклама

Претседателката ја поздравила хуманата мисија на Глобалниот совет, истакнувајќи дека е добредојдена и делотворна во амбиент на сериозни безбедносни закани.

За неа, како што се посочува во соопштението, Меморандумот за соработка, којшто деновиве го потпиша Глобалниот совет со македонското Собрание е чекор напред во одбраната и поттикнувањето на хуманите цели на човештвото, без оглед на разликите по било кој основ.

Сиљановска-Давкова особено го поздравила потпишаниот договор за стипендии на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“, нејзината матична институција, како охрабрувачки за најдобрите студенти, но и оние со лоша материјална положба и неопходна потреба од финансиска помош.

На средбата, соговорниците се согласиле дека мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија, развој и просперитет во национални, регионални и меѓународни рамки.