Во момент кога Европската Унија повторно го отвора прашањето за сопствената ефикасност и можноста за натамошно проширување, Македонија се обидува да ја задржи видливоста и поддршката на европската сцена
Меѓу дипломатските кругови веќе со месеци се дебатира за можноста дел од одлуките во проширувањето да се носат со т.н. квалификувано мнозинство, наместо со едногласност.
Поранешниот амбасадор Јован Донев вели: идејата звучи охрабрувачки, но патот до нејзина реализација ќе биде долг и тежок. Дел од земјите-членки не сакаат да се откажат од можноста за вето, дури ни во „ублажена форма.

Овој случај со повеќе од 50 проценти од членките на ЕУ ако поддржат еден предлог за започнување на преговори, за отворање на поглавјата , во тој случај вето не може да стави една членка, и да стави нема таква сила на вето. Може ад гласа против ама нема сила на вето. Ќе се отворат евентуално преговорите за прием во ЕУ, тоа е добар знак, вели за Алфа, Јован Донев – поранешен амбасадор на Макдонија во В.Британија.
Што значи ова за Македонија? Иако формално блокадата останува на маса, промената би била значајна: доколку повеќе од половина земји-членки дадат зелено светло, Македонија би можела да напредува низ поглавјата и кластерите без една земја да го сопре процесот.
Тоа, според Донев, би ја поттикнало Владата да работи поинтензивно на реформите – затоа што секој поминат чекор би имал поголема тежина и би бил помалку ранлив на политички условувања.
Паралелно, Грција најави сопствена иницијатива за поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан – сигнал дека Атина сака да се позиционира како регионален фактор во проширувањето. Но Донев предупредува: вербалната поддршка не секогаш се претвора во политичко гласање, бидејќи дел од земјите-членки имаат свои внатрешни блокади и нерешени дискусии околу реформата на Унијата.
Тоа е вербална поддршка која ја слушаме од сите држави на ЕУ кога ќе дојдат овде. Цело време зборат за поддршка што ја даваат. Еве и сега германскиот минситер за надворешни работи на турнејата на Западен Балкан ја истакна поддршката на неговата држава за прием во Еу, а од друга страна самата германска влада не може да даде поддршка додека не се реформира ЕУ, има врзани раце. Они желбата ја покажуваат но имаат внатрешни пречки кои не може така лесно да се релаизираат, вели за Алфа, Јован Донев – поранешен амбасадор на Макдонија во В.Британија.
Инаку иницијативата за квалификувано мнозинство не е нова – со месеци се разгледува во Брисел. Но за да стане реалност, ЕУ мора прво да обезбеди едногласие, што во сегашните околности е сериозен предизвик за Унијата.
