Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Средба Муцунски-Кос во Брисел: Потврдена силната посветеност на државата на евроинтеграцискиот пат

Македонија е силно посветена на европските интеграции и реформите, ја продлабочува соработката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е силно посветена на европските интеграции и реформите, ја продлабочува соработката во областа на безбедноста и одбраната, усогласена е со европското законодавство, што е составен дел од пристапниот процес.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изразила поддршката за патот на Македонија кон ЕУ и ја поздравила посветеноста на реформите и динамиката со која се спроведуваат.

Овие пораки стигнале на средбата помеѓу Кос и шефот на македонската дипломатија Муцунски кој во Брисел присуствувше на неформалниот состанок со неговите колеги од Западен Балкан и од земјите членки на ЕУ што го организираше високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Дипломатите разговарале за унапредување на соработката меѓу Европската унија и регионот, со акцент на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани и зајакнувањето на демократската отпорност. Муцунски порача – членството во Европската унија останува национален приоритет во надворешната политика и заедничка цел на целиот Западен Балкан

Реклама

На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната. Еврокомесарката Кос ја изрази поддршката за европскиот пат на Македонија и го поздрави континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори, информираа од МНРНТ.

Владината делегација предводена од Муцунски заедно со скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во рамки на посетата на Брисел ќе остварат средба и со еврокомесарот за култура. Со ова, ЕУ ја потврдува поддршката за реализација на проектот „Скопје – европски град на културата“.

Посетата следи по координативната средба помеѓу централната и локалната власт во Скопје, одржана во вторникот, на која беше потврдена заедничката стратегија за силно и современо претставување на главниот град на Македонија пред европските партнери.