Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Македонија

Перински: Силна поддршка од државата за локалниот развој

Со интензивно темпо продолжуваат средбите на министерот за локална самоуправа, Златко Перински,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со интензивно темпо продолжуваат средбите на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“. Денеска тој оствари работна посета на Општина Виница, каде со градоначалникот Митко Костадиновски и претставниците на Советот на општината разговараше за приоритетите, она што е потребно на општината и можностите за поддршка во наредниот период.

Во фокусот на разговорите беше и работата на новоформираниот Ресурсен центар за поддршка на општините, како и Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, кој вчера електронски беше доставен до сите градоначалници како алатка за поефикасно управување во првите месеци од мандатите.

Во рамки на посетата беше направен и увид во реализацијата на проектот „Да ја поканиме природата во нашите градови“, финансиран преку првиот повик на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Македонија, во рамки на Приоритет 1: „Позелен пограничен регион“.

Реклама

Вредноста на проектот за Општина Виница изнесува 300.743 евра, од кои 15% национално кофинансирање е обезбедено од Министерството за локална самоуправа.

Владата континуирано инвестира во развојот на Виница. Во изминатиот период, преку двата јавни повика за инфраструктурни проекти во општините, беа одобрени 15 проекти, со вкупна вредност од 159.058.947 денари.

Министерството за локална самоуправа останува посветено на унапредување на локалниот развој, преку поддршка на општините со развојни, инфраструктурни и зелени проекти кои носат видливи и одржливи придобивки за граѓаните.