Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ ќе отвори Стартап центар

До крајот на годината ќе се отвори Стартап центар на Универзитетот „Гоце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на годината ќе се отвори Стартап центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип  со цел да се поттикнат младите да размислуваат за својата бизнис идеја и да започнат сопствен бизнис. Универзитетскиот професор, Дарко Лазаров на Економскиот факултет при УГД-Штип денеска изјави дека овој Центар ќе обединува неколку хабови и инкубатори на различни факултети, каде студентите ќе добиваат менторска поддршка и насоки за успешно развивање на своите идеи. УГД со оваа иницијатива сака да создаде млади креатори, кои ќе бидат двигатели на економијата, а не само пасивни следбеници.

-Денес во УГД Штип се организира стартап настан, целта на настанот е да ги запознаеме студентите со мометалната состојба во делот на иновацискиот и стартап системот во нашата држава. УГД во изминатиот период и во нарединиот активно ќе работи на градење на една иновациска и предприемнича инфраструктура, која што ќе им помогне на студентите да бидат креативни и да отвораат сопствени бизниси, затоа што мисиите на наштиот Универзитет е не само да им понудиме модерно знаење, туку многу повеќе да креираме систем студентите да станат предприемачи. УГД во наредниот период ќе го промовира и универзитетскиот Стартап центар којшто ќе биде составен од неколку инкубатори, едниот од тие хабови ќе биде на економскиот факултет, другиот на Природно-технички науки, Идејата на овој центар е да им понудиме на студентите менторски програми, поучни да успешно започнат бизнис, изјави Лазаров.

 Центарот ќе почне  активно да работи од следната година потенцираше Лазаров, а како што рече тој во иднина резултатите ќе бидат видливи.

Реклама

Лазаров дополни дека дека во моментот проблемот не се финансиските средства, туку недостиг на креативните идеи и недостиг на систем, кој што ќе овозможи тие идеи да станат реалност.