Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Филипче од Лозово: Ацо Велковски е човек со дела, победата е на дофат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Лозово оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Лозово оствари средби со граѓаните, при што ја изрази поддршката за кандидатот за градоначалник од СДСМ, Ацо Велковски, оценувајќи го како човек со конкретни дела зад себе кој во мандат од 2017 до 2021 година реализирал значајни проекти.

– Се изгради нова општинска зграда, градинка, реновирано е училиштето, паркот. Во тој период во Лозово имаше визија, имаше напредок и тоа граѓаните го чувствуваат. И затоа е Ацо повторно кандидат за градоначалник, истакна Филипче.

Тој остро го критикуваше актуелниот градоначалник, посочувајќи дека нема реализирано ниту една капитална инвестиција, ниту продолжено со проектите кои останале незавршени од претходниот мандат.

Реклама

-Нема никаква капитална инвестиција, нема продолжување на близу 50-тина проекти коишто во тоа време остана незавршени. Граѓаните знаат што значи да имаат градоначалник кој работи транспарентно, кој ја унапредува општината и го прави животот попријатен. Лозово треба да биде место за сите, за младите, пензионерите, земјоделците,  сите категории на граѓани кои живеат во оваа општина, истакна Филипче.

Тој додаде дека СДСМ во вториот круг добива поддршка од коалициските партнери и од еден од независните кандидати од првиот круг, што, според него, ја прави победата во Лозово на дофат.