Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Филипче уште самоуверено се надева дека ќе ја „реанимира“ партијата, ама без да си поднесе оставка

Одлуката за поддршка во вториот круг ќе биде донесена следните денови, разговорите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуката за поддршка во вториот круг ќе биде донесена следните денови, разговорите се во тек

Лидерот Филипче го закопа СДСМ, докторот Филипче го реанимирa и ќе се обидува да го спаси. Првиот опозиционер не успеа за една година да ја опорави партијата, по што следеше пораз и аларм дека итно мора да преземат конкретни чекори и реформи наместо празните флоскули дека се консолидираат. Првиот круг од локалните избори покажува само едно – СДСМ изгуби поради СДСМ. Освоија градоначалници во само три општини, но сепак Филипче вели дека во некои општини освоиле повеќе гласови во споредба со парламентарните избори. И додека расте притисокот, како од членството така и од голем број истакнати партиски функционери кои вината ја гледаат во него, Филипче најавува кадровски промени по изборите.

Јас лани ја затекнав партијата во тешка и лоша состојба. Во изминатата година и пол работев со илјадници членови преку директни средби и контакти. Овие избори се показател за ефектите од таа работа – таму каде што имаме градоначалници и каде што одиме во втор круг, бројот на гласови е зголемен за 50 проценти во споредба со минатите избори. По еден таков тежок пораз лани, сега овие избори се показател како треба да се поставиме и да функционираме во следниот период. Таму каде што немавме резултати, ќе продолжиме со интензивна работа. Ќе има политички и кадровски промени во раководството, за што јавноста ќе биде навремено известена, истакна Филипче, додавајќи дека во многу општини партијата работела во тешки услови и под притисоци.

Дали СДСМ ќе го поддрши Дехари во Кичево, и каде ќе завршат гласовите од партијата што не им донесоа успех на нивните кандидати, Филипче вели конечната одлука ќе биде донесена во следните денови. Не демантираше дали ќе поддржат кандидат на ДУИ . Не одговори ниту кого ќе поддржат во Брвеница каде кандидатите се од ВМРО-ДПМНЕ и Вреди. Се очекува да се произнесат, како ќе постапат во Скопје, каде во вториот круг ќе се борат Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ.

Реклама

Мултиетничкиот карактер на нашата земја и добрите меѓуетнички односи се нешто што мора да останат приоритет. Факт е дека граѓаните често гласаат по етничка линија, но кај нас тоа нема да биде критериум. Ќе донесеме заклучок најдоцна до среда, кој ќе се темели на карактеристиките на нашите општински организации, расположението на членството и афинитетите на луѓето на терен. Не се водиме по принципот на етничка разлика. Разговараме со сите политички чинители, додаде Филипче.

Резултатите во првиот круг од локалните избори покаажаа дека СДСМ има еден куп слабости. Иако Филипче укажува на зголемена поддршка во одредени општини јасно е дека клучни ќе бидат вистинските кадровски и политички промени. Го изгубија бастионот Струмица, и тежок пораз доживеаа во Скопје, каде нивната кандидатка Каја Шукова беше далеку од целта да обезбеди место во вториот круг. Според бројот на освоени гласови беше повеќе во друштво со своите соперници од албанскиот политички блок, кандидатите на ДУИ  и Вреди отколку што им парираше на противкандидатите од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.