Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Масовна поддршка од граѓаните за политиките на владата, додека СДСМ ризикува да изчезне од политичката сцена

Година ипол на власт, а уште со неприкосновен легитимитет меѓу граѓаните. Резултатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Година ипол на власт, а уште со неприкосновен легитимитет меѓу граѓаните. Резултатите од првиот круг на локалните избори потврдуваат дека владејачката партија ја задржува, поддршката меѓу народот водејќи политики за кои граѓаните даваат зелено светло. Економските политики, инфраструктурниот бум, битката за расчистување со корумпираното правосудството, цврстиот став кон спорот со Бугарија, односите со ЕУ се чини се дел од низата причини зошто и покрај идејните локални решенија, партијата на Мицкоски и понатаму е на чело на секое поле во државата.

На дел од ова синоќа се осврна и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој рече дека Македонија не избрала партија, туку насока, избрала вредности.

Аналитичарите велат дека резултатите на локалните во полза на ВМРО-ДПМНЕ не се изненедување туку само континуитет на политката на владејачката партија.

Реклама
  • „Со вчерашниот резултат граѓаните на некој начин ја потврдија поддршката која ја дадоа на владејачката колација минатата година, и на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ и на ВЛЕН. Они имаат сега и дополнителна одговорност да ги исполнат сите оние очекувања кои што ги бараа граѓаните од нив“ вели Владимир Божиновски – универзитетски професор. .

Додека ВМРО-ДПМНЕ ги има на своја страна граѓаните, социјал-демократите како да не ја сфатија порака на минатите избори и сега им се заканува тотална нерелевантност, па дури и иизчезнување од политичката сцена. Покрај поразот на парламентарните и претседателските избори минатата година, партијата на Филипче барем според овоените гласови го допре своето дно. Овие избори, СДСМ освои најмалку гласови од нивното постоење. Аналитичарите велат дека на СДСМ му треба уште време за суштинска консолидација и дека граѓаните даваат шанса на проекти, а не на дневни политизации.

СДСМ сега е во ситауација да се бори да се врати на второто место на македонската политичка сцена, а долг е патот да се приближи на ВМРО-ДПМНЕ.

  • „Сега имаме ситуација каде што ВМРО-ДПМНЕ има некрикосновена поддршка од граѓаните, а потоа се СДСМ и Левица. Значи не е веќе она што беше ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ туку сега се создава друг дуалитет и борба за гласови за кој ќе биде втора партија на македонската политичка сцена. Тоа е она што е реална закана за СДСМ во моментот и они мора да се обидат преку реформи и реструктуирање да се одлепат и повторно на некој начин да се проближат на ВМРО-ДПМНЕ и повторно да го зацврстат оној дуалитет ВМРО-СДСМ кој постои 35 години.Доколку успеат се разбира, доколку не – тогаш веќе се надзира нова борба меѓу СДСМ и Левица кој од нив ќе ги предизвика ВМРО-ДПМНЕ на некои следни избори“ вели Владимир Божиновски – универзитетски професор.

И покрај сите порази, Филипче е уверен дека тој треба да седи во претседателското столче на Бихаќа. Не планирал да си поденсе оставка, туку само соопшти дека резултатите на избори не биле посакуваните, но сведочеле за процесот на консолидација на партијата.