Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Вреди го згази ДУИ: Политиката на Албанците во Македонија не се кори повеќе од Зајас, туку од центарот на Скопје

Чаир, Арачиново, Желино, Сарај, Теарце, убедлива предност од речиси 4.000 гласа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чаир, Арачиново, Желино, Сарај, Теарце, убедлива предност од речиси 4.000 гласа за Билал Касами во Тетово во пресрет на вториот круг, предност и на независниот Менди Ќура, поддржан од Вреди во Струга. Коалицијата на ДУИ ги загуби сите клучни и поголеми општини освен Гостивар. По првиот круг од локалните избори партијата на Али Ахмети е во класичен нокдаун. Она што самите си го најавуваа како референдум, им се врати како бумеранг. Најголем пораз им е скопски Чаир, каде што отидоа со т.н. капиталец, партискиот потпретседател и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека со овие резултати партијата на Али Ахмети е веќе затворена тема и не треба да биде присутна во јавноста.

-На овие избори политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми за орли и зајци и теми кои се небитни за граѓаните се поразени, а се отвора прашањето за реформи во опозицијата. Јас не посакувам послушна опозиција, но далеку поконцентрирана и покапацитетна која што зборува за орли и за зајци, изјави Мицкоски.

Реклама

Коалицијата на ДУИ ги добија и Пласница, Липково и Чашка. Според познавачите интегративците сега целосно го загубија легитимитетот кај албанското гласачко тело во Македонија. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи, за Алфа вели дека граѓаните јасно порачале дека интегративците се веќе минато, а политичкиот блок предводен од Изет Меџити, Билал Касами и Зекирија Ибрахими, се оние кои ја добиле довербата. 

-Албанскиот народ во Македонија се изјасни дека е за соживот и за просперитетна и демократска држава. Веќе вчера и конечно легитимитетот на Албанците се бетонираше дека Вреди е политичката партија која треба да ги претставува Албанците, изјави Фаризи.

Според Фаризи со овие резултати Ахмети повеќе не е најважен фактор ниту во неговата коалиција, таа позиција сега му припаѓа на Арбен Таравари, чиј што кандидат оствари победа во Гостивар.

-Најголемиот победник во таа коалиција е само Арбен Таравари кој уште еднаш најверојатно ќе ја освои општина Гостивар и ќе биде малку побезбедна како политичка партија, но неговите политички ставови ние ги знаеме, тој се обидува да биде секогаш дел од власта. Најверојатно тој нема таму да биде безбеден со Али Ахмети, но веруваме дека кај албанската политичка структура, особено во нивните редови ќе има реформи, изјави Фаризи.

Во битката меѓу Вреди и ДУИ, владејачката политичка опција освои повеќе гласови и во трката за градоначалник на Скопје. Башким Бакиу доби речиси 28.000 гласа, додека Скендер Реџепи Зејд, доби нешто повеќе од 26.000.

Матеја Петровски