Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

По децениски застој ќе се гради универзална сала, завршена е постапката за избор на изведувач

По повеќе од една деценија застој, Скопје конечно ќе ја добие Универзалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од една деценија застој, Скопје конечно ќе ја добие Универзалната сала во сјајот што го заслужува. Завршена е постапката за избор на изведувач за проектот за реконструкција на Универзална сала во Скопје.

Одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена по јавната набавка за „изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер – по принцип на изградба клуч на рака“.

Овој принцип значи дека, во предвидениот рок, објектот ќе биде целосно реконструиран, уреден и подготвен за користење – за концерти, настани и други културни активности.

Реклама

Рокот за реализација е предвиден до декември 2027 година.

Проектот ја зачувува историската вредност и споменот на Универзална сала, но ѝ дава и модерен, повеќенаменски карактер, кој ќе овозможи салата повторно да стане еден од најпосетуваните културни објекти во Скопје.

Во рамки на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, обновената Универзална сала ќе биде дел од културните настани и манифестации, повторно отворајќи ги вратите за граѓаните и културната сцена на градот.