Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Прифатено второ обвинение за пожарот во „Пулс“ – и сопственикот на „Рубикон“ се товари за „тешки дела против општата сигурност“

 Судот во целост го одобри и второто обвинение за трагедијата во кочанското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Судот во целост го одобри и второто обвинение за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“, во кое обвинет е сопственикот на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев.

-Обвинителниот акт беше поднесен на 4 септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице, А.Н. кој се јавува како  одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, стои во соопштението на судот.

Предметот ќе го суди судијката Биљана Смаќовска, а терминот сеуште не е утврден. Според обвинението, сопственикот на агенцијата немал склучено  договор за обезбедување на дискотеката „Пулс“. Обвинителството по истрагата против него, тврдеше дека обвинетиот за цело време по катастрофалната несреќа им давал инструкции на обезбедувачите кои биле таа кобна ноќ на работа, кога се случи пожарот, а еден од нив бил и без лиценца.

Реклама

Обвинителството и Нацев го товари за „тешки дела против општата сигурност“ и се очекува да се спои со големото против останатите 34 лица и три фирми, а тоа пред да почне судењето треба да го побара Јавното обвинителство.

Во ОЈО за ГОКК се уште трае истрагата во која осомничени се над 20-тина полициски службеници и началници кои исто така се товарат за „тешки дела против општата сигурност“. Дел од нив се под мерки од судот.