Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Министерот Алиу во посета на вакцинален пункт во Гостивар и новата амбуланта во Радуша

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ќе ги посети вакциналниот пункт на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ќе ги посети вакциналниот пункт на Одделението за епидемиологија на Центарот за јавно здравје во Гостивар, а потоа и реновираната амбуланта во скопското село Радуша.

Вакцинацијата против сезонски грип почна вчера, а се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет пункта се во Скопје.

Министерството за здравство информира дека веќе се пријавени 43.000 граѓани на апликацијата vakcinacija.mk, а можноста за пријавување продолжува.

Реклама

-Министерството годинава набави историски најголем број вакцини против сезонски грип – 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија. Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита на здравјето и очекувам бројката на пријавени лица за вакцинација да расте и во следните денови, порача вчера министерот Алиу. 

Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.

Министерството за здравство информира дека Центрите за јавно здравје низ државава обезбедија 2.400 комерцијални вакцини. Од нив 1.000 дози има во Центарот за јавно здравје-Скопје. Примањето комерцијална вакцина ќе чини 700 денари.