Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Мицкоски: ДУИ води кампања на картата за етничка омраза, додека ние решаваме проблеми кои тие 20 години не ги решиле

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги решава проблемите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги решава проблемите на граѓаните, за разлика од ДУИ која 20 години ништо не направи, а води кампања само на картата етничка омраза.

„Ние немаме формален договор со никого, ние сме рекле таму каде што има потреба и цениме дека ќе има потреба, ќе се поддржуваме. Еве ќе ви дадам еден пример, пред некој ден, во неделата, во скопската општина Бутел, во населеното место Љуботен и Љубанци, две етнички различни средини, 100% Македонци и огромно мнозинство Албанци, ние пуштавме проект којшто значи решавање на деценискиот проблем за водоснабдување на тие две населени места. Иако дел од нив сведочеа дека активистите на ДУИ во тоа населено место, правеле притисоци никој да не излегува. Но, напротив тие излегоа масовно, да дадат поддршка бидејќи ние решаваме проблем којшто овие  20 и кусур години беа во Влада, што денеска водат кампања на една тема, а тоа е етничка омраза, не успеале да го решат, ние сега го решаваме. Им велат не одете, не давајте поддршка, нив ги интересира само личниот интерес, нив не ги интересира колективниот“, рече Мицкоски.