Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Николоски: По локалните избори ќе нема предвремени парламентарни, туку расчистување во судството и обвинителството

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по  локалните избори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по  локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори и најавува дека фокусот ќе биде на, како што изјави, расчистување во судството и обвинителството и одговорност од сите што ја злоупотребиле власта од т.н црна коалиција на „СДСМ, ДУИ и Левица“. 

Предвремени избори ќе нема, имаме стабилна коалициска влада, која функционира одлично, изјави денеска Николоски, при посетата на Гостивар во рамки на кампањата за локалните избори. Според Николоски, мандатот на владата ќе биде до 2028 година и тогаш ќе бидат и следните парламентарни избори. 

– Разликата помеѓу нас и црната коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица е што ние зборуваме за проекти, не можеме да се доискажеме колку проекти имаме, а од другата страна има празни зборови и манипулација и постојана жед и желба за власт. Минатата година отидоа во опозиција, само една година и три месеци се поминати откако се во опзиција и не можат да додржат да останат во опозиција и цело време – предвремени избори, предвремени избори. Кога некој толку многу бара предвремени избори тоа значи дека него го интерасираат само привилегиите од власта, а овие ги интересира и криминалот од власта, рече Николоски.   

Реклама

Нема, дополни, да се занимаваме со предвремени избори, туку со расчистување во судството и обвинителството и сите кои ја злоупотребија власта од т.н црна коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица ќе одговараат по завршување на овие избори. – Тоа е фокус број еден по завршување на изборите, нагласи Николоски.