Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Пелегрини од Скопје: ЕУ многу греши, не може да си игра со довербата и напорите на Македонија

Европската унија прави голема грешка кон Македонија, не може да си игра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската унија прави голема грешка кон Македонија, не може да си игра со довербата и напорите на оваа земја, порача претседалот на Словачка Петер Пелегрини, по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Тој остро ја критикуваше Унијата, бидејќи Македонија се уште е блокирана, поради бугарските уцени и условувања. Според Пелегрини државава ги вложила сите свои напори, а за возврат не добила ништо. Вели со таквиот однос официјален Брисел многу ризикувал.

-Постојано се појавуваат нови услови и искрено ЕУ прави голема грешка. Од страна на ЕУ ние мораме да бидеме доста чесни и да кажеме дали сме правични или само сакаме да го оддолжиме овој процес. ЕУ не може само да си игра со довербата на оваа земја, затоа што доаѓа момент, кога луѓето едноставно ќе престанат да и веруваат на ЕУ и можат едноставно да кажат дека не сакаат да бидат членка на овој клуб, затоа што по децении вложувања и мачни реформи, тие едноставно нема да го прифатат тоа, изјави Пелегрини.

Сиљановска Давкова упати благодарност до својот словачки колега, поради поддршката која што ја добиваме на европскиот пат. На ист став е како него дека за Македонија, треба да се почитува она што го исполнила според копенхагенските критериуми, а не да биде жртва на билатерален спор.

Реклама

-Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачки на европската интеграција, со кристално јасна заложба за потребата од проширување на ЕУ. Тоа не го прави само преку Вишеградската група, туку и со активното учество во групата на пријателство на Западен Балкан, изјави Сиљановска Давкова.

Македонија и Словенија потпишаа и Меморандум за соработка во областа на економијата, а потписници беа министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и државниот секретар во словачкото министерство за економија Владимир Шимоњак. Сиљановска Давкова и Пелегрини се сигурни дека со ова само ќе се продлабочи економската соработка меѓу двете држави.

-Имаме нацрт во енергетскиот сектор, но секако не сите можности се искористени до крај, за да се интензивира взаемната трговија и да се зацвстат инвестициите и партнерставата, изјави Пелегрини.

Покрај економската соработка и поддршката кон ЕУ, Сиљановска порача дека со Словачка не врзуваат и заедничкото наследство на светите браќа Кирил и Методиј, блиските култури односи, како и сестрано и долготрајно пријателство.
Матеја Петровски