Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Почина Владимир Блажев – Панчо, популарниот музичар не успеа да се избори со повредите од трагедијата во „Пулс“

Почина познатиот македонски музичар Владимир Блажев – Панчо, од дуото „ДНК“, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почина познатиот македонски музичар Владимир Блажев – Панчо, од дуото „ДНК“, кој беше тешко повреден во пожарот што се случи ноќта на 16 март оваа година во дискотека „Пулс“ во Кочани, и оттогаш се лекуваше во приватна болница во Скопје. Долготрајната битка со повредите Панчо ја загуби утринава, нешто пред 10 часот и 30 минути.

„Длабоко сочувствуваме со семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност, бидејќи загубата е огромна за сите нас. Почитувајќи ја приватноста на секој наш пациент и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не споделуваме информации за пациентите“, соопштија од приватната болница „Систина“.

Од Јавното обвинителство информираа дека ќе биде издадена наредба за обдукција на телото на пејачот Владимир Блажев – Панчо, кој почина по речиси седум месеци болничко лекување.

Реклама

Панчо беше единствениот преживеан од главната постава на „ДНК“, но претрпе тешки изгореници и оштетување на трахеата поради вдишување на чад. Роден е на 29 јули 1979 година во Скопје. Пред да го сними првиот сингл со Андреј Ѓорѓиески за дуото „ДНК“ во 2001 година, беше член на „ОК бенд“. Дуото сними шест албуми и важеше за едно од најпопуларните на македонската музичка сцена.