Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Д-р Јован Божиновски е нов директор на Неврологија, комисии ќе испитуваат како работел без лиценца разрешениот Кузмановски

Неврологот Јован Божиновски е новиот директор на Клиниката за неврологија, откако Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неврологот Јован Божиновски е новиот директор на Клиниката за неврологија, откако Министерството за здравство експресно го разреши д-р Игор Кузмановски поради скандалот со објавената снимка на социјалните мрежи на која се гледа како меша бела прашкаста материја и коментира за квалитет на кокаин.

Уште поголем проблем за д-р Кузмановски е и тоа што тој во моментов нема активна лиценца за работа од Лекарската комора. Цели седум месеци, односно од 15.03.2025година тој ја вршел дејноста без продолжена лиценца..од Комората информираат дека тој минатата недела поднел барање за нејзино продолжување и засега, постапката за обновување е во тек. Министерот Алиу најави детална истражна постапка околу работата на Кузмановски.

“Формирана е комисија од Министерството за здравство, побарав инспекциски надзор за  работата на докторот. Се испитува во ‘Мој термин ‘дали во периодот од 15 март, кога му истекла лиценцата, до 8 август, кога станал директор, работел со пациенти. Случајот ќе го испитува и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Повеќе од ова не можам да дадам информации“, рече министерот.

Реклама

За да ја обнови лиценцата за работа, а за која е пропуштен рокот, д-р Кузмановски мора да има дополнителна обука и да полага стручна проверка пред комисија. Во меѓувреме, новиот директор на Неврологија вели дека Клиниката продолжува со непречена работа. Д-р Кузмановски беше назначен за директор на 8-ми август годинава, на местото на Фатмир Меџити.