Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Повторена пресудата – пет години затвор за Боки 13 за случајот „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски алијас Боки 13 измамил и искористил бизнисмени со цел да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Јовановски алијас Боки 13 измамил и искористил бизнисмени со цел да се збогати – скопскиот кривичен суд по втор пат го осуди во случајот „Меѓународен сојуз“. Боки 13 , не присуствуваше на изрекувањето пресуда, а според судот тој  е виновен за „измама“ и „перење пари“ и доби казна затвор од пет години, за разлика од првиот пат кога доби 9 години затворска казна.

Јасна Ерцеговиќ за „перење пари“, доби две годинии. Христина Блажевска ќе оди во затвор една година за „перење пари“, доколку во следните три години стори ново кривично дело. Условна казна доби и таткото на Боки 13, Миле Јовановски – затвор од година и пол за „перење пари“, со ист услов од три години.

„Меѓународен сојуз“ како правно лице доби казна од еден милион денари.

Реклама

Јовановски од 2017 до 2018 година, ги искористил бизнисмените Сиљан Мицевски и Ардијан Амзовски и лажно им ветувал дека ќе обезбеди земјиште за изградба на пензионерски домови и ќе добијат субвенции од државата.

Бранителот на Јовановски вели дека и оваа пресуда ќе ја обжалат бидејќи првостепениот суд не ги испочитувал сите забелешки кои ги имала Апелација. Според одбраната договорите биле склучувани со одложен услов и сите потписници знаеле дека ќе се исполни кога ќе бидат добиени и градежните дозволи за градба.

  • На склучувањето на договорите претходеле бројни состаноци, не само помеѓу Бојан Јовановски и сега оштетените, туку присуствувале и бројни функционери од Владата. И тука се елеминира било каква можност од измама…“ рече Владимир Туфегџиќ – градоначалник.

Во новата пресуда сите казни се намалени во споредба со првостепената од 2022 година. Тогаш беа изречени вкупно 14 години затвор за обвинетите. Во април 2024 година, првичната пресуда беше укината од скопска Апелација кој уважи дел од жалбите на обвинетите и го врати предметот на почеток.

Апелација тогаш ја потврди ослободителната одлука за Фросина Ташевска Ременски, а ја ослободи Блажевска од кривичното дело „измама“. Боки 13 беше осуден на девет години затвор и во случајот „Рекет“, но Апелација му ја намали на пет поради неговата здравствена состојба и тој излезе на слобода.