Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

На локалните избори, Демократскиот сојуз во Конче настапува самостојно со листа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На локалните избори, Демократскиот сојуз во Конче настапува самостојно со листа на советници.Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, заедно со кандидатите за советници и носителот на советничката листа Јонче Здравев (19), посети повеќе населени места (Дедино, Гавревци, Ракитец,  Лубница, Горни и Долни Липовиќ), како и Конче, каде разговараше со граѓаните за програмските приоритети кои  обезбедуваат рамномерен развој на сите населени места во општината, се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Доколку се работи чесно и посветено, Конче може да биде модерна и една од најубавите општини. Шумите, водите, езерото Мантово и идеалната надморска височина се одлични предуслови за развој на туризмот, земјоделието и сточарството.

Само поголема грижа и насочување на компаниите да инвестираат во преработувачки капацитети, се гаранција младите да останат во овој прекрасен крај.

Реклама

Трајанов нагласи дека во соработка со Владата општината Конче има потенцијал да гради инфраструктура, пред се локални патишта, обнова на водоводната мрежа, пречистителни станици, бесплатен превоз, здравствена заштита, редовна набавка на лекови за повозрасните граѓани, како и решавање на други потреби на граѓаните.

Трајанов вети соработка со сите советници и отворена врата за сите граѓани.

Трајанов ги повика граѓаните да излезат на 19 октомври, да гласаат за Јонче Здравев, кој под бројот 19 е носител на листата на советници на Демократскиот сојуз.

Јонче Здравев е гаранција дека заедно со сите граѓани ќе ја градат општината.