Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Разбиена шема за шверц на луксузни возила од Бугарија

Основното јавно обвинителство соопшти дека е разбиена организирана шема за шверц на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство соопшти дека е разбиена организирана шема за шверц на луксузни возила од Бугарија во Македонија. Дел од учесниците во оваа криминална мрежа се веќе обвинети или осудени, а за неколкумина бугарски државјани кривичниот прогон е препуштен на тамошните органи. За тројца од осомничените е побаран притвор, додека едно лице е надвор од државата.

Постапката е отворена откако МВР поднело кривични пријави против четворица, меѓу кои и двајца поранешни полициски службеници, за кои се сомничи дека помогнале во злоупотребите.

Според обвинителството, првиот осомничен во март 2022 година, преку граничниот премин Деве Баир, организирал криумчарење на автомобил „Тојота“ вреден 22.500 евра, кој бил под меѓународна потерница.
„Притоа искористил лажни таблички и фалсификувани исправи изготвени од лице кое сега е веќе осудено, а потоа го регистрирал возилото и извадил сообраќајна дозвола“, соопштија од ОЈО.

Реклама

Втората осомничена, во август 2021 година, поттикнала двајца бугарски државјани да прокриумчарат „Лексус“ вреден 15.000 евра, исто така предмет на меѓународна потерница. Автомобилот го презела со фиктивен договор за купопродажба, а потоа, користејќи лажни бугарски таблички и документи, го регистрирала во Македонија.

Третиот осомничен, управител на правно лице, на сличен начин во земјава внел „Ленд Ровер“ вреден 17.340 евра, со преправен број на шасија, избегнувајќи царинска контрола. Со целосно фалсификувани документи, и тој успеал да извади сообраќајна дозвола за возилото.

Под сомнение за кривично дело „фалсификување службена исправа“, постапка е поведена и против две службени лица – поранешни вработени во управните служби на МВР, кои, според обвинителството, ги изготвиле и издале сообраќајните дозволи за возилата.