Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

Ниедна манипулација на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиумски мегафони на една недела пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниедна манипулација на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиумски мегафони на една недела пред изборите нема да го покрие фактот дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во сите институции се виновни за случајот Пулс, стои во соопштението на СДСМ.

„Ова е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели пред изборите. Откако јавноста дозна дека финкционери на ВМРО-ДПМНЕ од сите ешалони биле инволвирани во случајот а Мицкоски ги штитеше, сега се обидуваат да го прикажат повторно СДСМ како виновен. Дури и манипулативната објава на Плусинфо, всушност покажува дека обидите да се влијае врз кадрите на СДСМ не успеале, кафичот бил пломбиран, што е директна потврда дека никој од функционерите на СДСМ не попуштил. Во самата објава на мегафонот на Мицкоски всушност се потврдува дека сите разговори се водени меѓу извесна Бојана и инспекторот од УЈП Паунов кој е кадар на ДПМНЕ а не на СДСМ. Со ова паѓаат во вода обидите да се инволираат функционери од партијата во овој контекст. Ова што го прави власта е срамно и скандалозно. Овој патетичен обид е со јасна цел – да се спречи падот на ДПМНЕ од доказите кои излегоа од истажувањето на ИРЛ во однос на тоа како се спречувала правдата во случајот Пулс. Јасно е веќе дека ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата директно го штителе сопственикот на „Пулс“, кој постапувал спротивно на сите стандарди и закони, велат од СДСМ