Реклама

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Македонија

Стефковски за Гази Баба: Заокружи 9 за нови четири детски градинки, нов затворен пазар во Железара, амбуланта и базен во Автокоманда

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски изминатите 4 години реализира над…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски изминатите 4 години реализира над 670 проекти за граѓаните, се наведува во соопштението  ВМРО-ДПМНЕ.

Се градеше подеднакво во сите населени места, се инвестираше во капитални проекти, во нови детски градинки, ново училиште, нови спортски сали, нови спортски центри, фитнес зони, спортски терени, 70 детски катчиња, Дом на културата, 32-километри фекална канализација, 170-асфалтирани и поплочени локални улици и многу други проекти кои го подобрија квалитетот на живот на сите граѓани.

Во Општина Гази Баба ќе продолжи да се гради инвестира и во следниот период.

Реклама

Приоритетни проекти кои градоначалникот Стефковски се обврзува да ги реализира следните 4 години се, изградба на 4 нови детски градинки во Хиподром 2, Керамидница, Сингелиќ и Маџари, се со цел да се помогне на младите брачни парови до 29 години да изградат сопствен дом и да останат во Гази Баба, ќе се реализира мерката нула комуналии за изградба на куќа. Потоа, за подобрување на условите за живот, социјалната интеграција и поддршката на семејствата, ќе отвори Дневен центар за деца и лица со попреченост со индивидуален третман.

Стефковски се обврзува на изградба на катни гаражи во Автокоманда и Ченто, изградба на нова населба за индивидуално домување помеѓу Хиподром 2 и Трубарево, а населбата ќе нуди парцели за изградба на индивидуални куќи, додека пак општината ќе обезбеди сообраќајна инфраструктура, водоснабдување, фекална и атмосферска канализација.

Во Железара е предвидено изградба на нов затворен пазар, изградба на амбуланта во Автокоманда и базен којшто ќе биде наменет за учениците од основните училишта, а по наставата ќе можат да го користат и сите граѓани за рекреација.

Покрај овие проекти Стефковски ветува и реконструкција на голем број на улици, како и изградба и доизградба на фекална канализација во повеќе населени места.

На Гази Баба и е потребен човек кој ќе продолжи да ја развива и гради општината во современа, модерна и урбана средина.

Вистинскиот избор е Стефковски кој изминатите 4 години покажа дека со визија, план, стратегија и работа знае и може да создава за подобар живот.

Затоа ги повикуваме жителите на општина Гази Баба на 19 октомври да излезат масовно и да го поддржат Стефковски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на бројот 9.

За твојот човек.

За твоето место.

За твојата иднина.

Направете го вистинскиот избор и заокружете 9.