Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски: СДСМ се претвори во едно обично гранапче, кое што служи да ги штити интересите на една фамилија

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање од денешниот народен митинг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање од денешниот народен митинг во општина Кривогаштани, одржан во рамки на изборната кампања чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за локалните избори кои се закажани на 19 октомври годинава.  Мицкоски се осврна на кампањата на опозициската СДСМ, која ја оцени како најцрна досега во историјата на независна Македонија, а испрати и порака до членовите на СДСМ, и ги повика да се приклучат кон политичка дебата заснована на проекти и идеи, аргументи и факти, и да и помогнат на нивната партија, која од државотворна и некогаш голема, сега е сведена на, како што вели тој, гранапче, кое само им служи на малкумина.

,,Нашиот политички противник, СДСМ, оваа кампања ја почна спротивно на целата теорија и пракса, со црна кампања, со ад хоминем напади, со ниски страсти, нешто што досега е невидено во независна Македонија“, кажа Мицкоски и додаде:

,,По грозна, и по црна кампања досега не постоела во Македонија, со тоа што го прави СДСМ. Но, тоа не само што не не плаши, туку на моменти предизвикува и чувство на смеа, но и желба, и инспирација да продолжиме и понатаму, и бидејќи некој, којшто одлучил да води таква црна кампања, без идеја и без суштинска понуда кон граѓаните се одлучил на тој чекор, тој мора да е многу уплашен. Има зошто да се уплашени, бидејќи на овие избори на 19 октомври ги очекува уште еден историски епски пораз, после оние 5 што ги нанижаа од 2021-та година па наваму“.

Реклама

Тој се обрати и до членовите на СДСМ, и истакна дека има разбирање за нив, за оние кои не можат да гледаат во која состојба се наоѓа СДСМ, и како од државотворна партија се сведе на гранапче, кое служи само да ги штити интересите на раководството на партијата.

,,Сакам да ја искористам оваа можност, од Кривогаштани, да се обратам до членовите на СДСМ, овде во Кривогаштани, до оние чесните, пристојни, домаќини луѓе коишто си ја сакаат својата политичка партија. Имам разбирање за нив, коишто не можат да гледаат денеска во која состојба се наоѓа СДСМ, од некогаш големата и државотворна партија, денеска се претвори во едно обично гранапче, кое што служи да ги штити интересите на една фамилија, интересите на неколумина луѓе од раководството на партијата“, кажа Мицкоски.

Локалните избори се можност за внатрешно реструктуирање на партијата, и според него,  таму има искусни и млади луѓе кои се добредојдени после локалните избори, бидејќи е потребна корисна политичка дебата.

,,На 19 октомври е можност за внатрешна измена, за внатрешна катарза, реструктуирање на самата партија, свесен сум и знам дека таму има луѓе кои што се искусни и млади, па таква една симбиоза на тие луѓе, искусни и млади би била добредојдена после локалните избори и за нас како ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нас ни треба корисна политичка дебата, дебата која што ќе се темели на аргументи, на факти, на проекти, на визија итн“, нагласи Мицкоски и додаде:

,,Но, на 19 октомври, ве повикуваме и ви подаваме рака, излезете заокружете го бројот 9 за Сашо, за победничката листа на ВМРО-ДПМНЕ овде во Кривогаштани, бидејќи само на тој начин ќе можете да ја вратите вашата партија, СДСМ, на правилната траекторија и да се бориме заедно за нашата заедничка татковина Македонија, бидејќи ние друга земја немаме“.