Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Мицкоски за судството: Судството и обвинителството се во канците на политиката и тоа мора да се ослободи

Македонија има сериозен проблем со испораката на правдата, а клучот на сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има сериозен проблем со испораката на правдата, а клучот на сите заглавени обвиненија седи на две адреси со заеднички господар. Судството и обвинителството се во канџите на политиката, и тоа мора да се ослободи, смета премиерот Христијан Мицкоски. 

Во обраќањето на централната послава по повод 11 Октомври, Мицкоски рече дека мора да има правда и дека секој што се огрешил пред законот, мора да одговара. Ресетот на системот, како што рече, нема да значи реваншизам, ниту поделба на „наши“ и „ваши“. 

– Не може за милиони украдени пари да не се одговара поради нечија политичка блискост. И ако тука, во овие случаи, нема правда, што ли се случува со многу други случаи на граѓани заглавени за ситни, но за нив многу важни предмети – меѓу нив имоти, кривични пријави, граѓански спорови. И за овој ресет на системот што ќе го спроведеме, не мислам на реванш, а во изминативе месеци покажав дека правдата е за сите иста и за, како што вели нашиот противник, „наши и ваши“, и овие категории нема да имаат разлика и за мене се непознати. Туку или некој се огрешил, или не се огрешил кон законот. Или е криминалец, или не. Или ќе има правда, или нема да нè има. А мора да нè има и мора да победиме со градење на систем во кој мора да веруваме и што ќе го оставиме на чесни професионални луѓе, истакна Мицкоски.

Реклама

Се осврна и на економијата  и жовотиот стандард на граѓаните посочувајќи дека работи на носење на нови инвестиции кои, како то рече, за брзо ќе ги соопшти, како и на нови проекти и мерки коишто ќе ѝ дадат нов облик на државата.