Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Да бидеме обединети како востаниците: Сиљановска-Давкова со честитка по повод 11 Октомври

Да бидеме обединети и сплотени за да го сочуваме она што го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да бидеме обединети и сплотени за да го сочуваме она што го наследивме од оние кои тргнаа во востанички марш, водени од јасна визија и спремни на жртвување во ослободителната мисија. Ваква порака по повод 11 Октомври – Денот на народното востание испрати претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

Овој празник, според Сиљановска-Давкова, е потсетник на храброста и пожртвуваноста на генерациите кои ја извојуваа слободата и ја создадоа македонската држава.

– На денешниов голем празник уште еднаш им оддаваме почит на оние кои пред 84 години тргнаа во тежок и храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето на татковината и создавањето македонска држава на рамноправни граѓани – порача претседателката.

Реклама

Во драматичните денови на Втората светска војна покажавме дека обединети и сплотени, без оглед на социјалната, етничката, верската, идеолошката или друга припадност, можеме да ги победиме силата и неправдата. Затоа, прославата на 11 Октомври не е само потсетување на една славна епопеја, туку и повик за нејзино продолжување – со дијалог и во мир.

Сиљановска-Давкова предупреди дека живееме во тегобно време на војни и воени закани, срамни за 21 век. Битисуваме оптоварени со суштински проблеми во остварувањето на правото, правдата, хуманоста и солидарноста. Исправени сме пред нови предизвици, несвојствени за демократијата. Од нас се бараат илинденска и партизанска зрелост, мудрост и храброст во донесувањето на клучни одлуки – нагласи македонската претседателка, повикувајќи на обединетост и сплотеност.