Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Четворица кандидати за градоначалник на Ѓорче Петров – енергетска независност, нови градинки и урбанистички реформи

Многу работа за модерна општина. Четворицата кандидати за градоначалници на Ѓорче Петров…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу работа за модерна општина. Четворицата кандидати за градоначалници на Ѓорче Петров со ветувања за бројни проекти кои треба да донесат развој на општината.

Лекарот Александар Стојкоски ќе „трча“ за втор мандат од 4 години. Освен промоција на сработеното во изминатиот период, тој планира Ѓорче Петров да биде првата енергетски независна општина во Македонија, а во програмата од 140 проекти влегуваат 3 нови спортски комплекси, доградби на основни училишта, нови градинки, прва катна гаража спроти новата општинска зграда, изградба на мега парк Македонија, како и изградба на прв центар за примарна селекција на отпад. Стојкоски вели дека ќе води сметка и за највозрасните жители.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата, Костадин Ацевски е поранешен пратеник од редовите на опозицијата. За него, еден од приоритетите е населбата Александриуја, за која планира да изгради нова градинка, основно училиште и решавање на сообраќајниот хаос. Исто така, ветува две монтажни катни гаражи околу пазарот во Ѓорче Петров. Во делот на урбанизмот најавува суспензија на цели или делови од урбанистички планови кои што предвидуваат изградба на висококатници.

Реклама

Адвокатот Александар Димитријевиќ е адутот на Левица за иден градоначалник на Ѓорче Петров. И за него, изградбата на установи за предучилишна возраст е приоритет за граѓаните, па ветува нова градинка во населбата Дексион, велосипедски патеки и повеќе зелени површини.

Коалицијата „Искуство за успех“ на локалните избори го кандидира бизнисменот Љупчо Јаневски Састав. Тој ветува модерна општина со нов училишен центар и нова сообраќајница кон населбата Даме Груев. Според него мора да се спречи неконтролираното ширење на општината.

Во општинскиот Совет на Ѓорче Петров има 23 членови. На локалните избори поднесени се седум листи за советници со 161 кандидат.