Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицевски: Општината со нас стана развиена и модерна, а сега населеното место Сопиште ќе добие нов резервоар за вода 

Јане Мицевски, кандидат за градоначалник за општина „Сопиште“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јане Мицевски, кандидат за градоначалник за општина „Сопиште“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дека заедно со неговиот тим, програмата со проекти соодветна за општина Сопиште е веќе подготвена, и дека инфраструктурата, спортот, образованието и безбедноста ќе бидат области на кои активно ќе се работи како и решавањето на проблемот за ненавремениот автобуски превоз.

„Резултатите се неминовни кога се работи за структури предводени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Заедно со мојот тим, заедно со веќе отпочнатиот тек на проекти во изминатиот мандат, како и заедно со експерти, но и со вас граѓаните подготвивме програма со проекти кои се складни за општина Сопиште да се издигне на едно повисоко ниво. Инфраструктура, спорт, образование, безбедност, транспорт, , култура, се областите каде што активно ќе работиме. Решавање со ненавремениот автобуски превоз, ставање во ред, да не мораат граѓаните да бидат исплашени дали ќе стигнат на работа или не“, рече Мицевски.

Мицевски исто така наброи дел од проектите на изборната програма.

Реклама

„Настрана од основните потреби, ние ќе реализираме и сериозни проекти. Изградба на нов резервоар за вода тука во населено место Сопиште, доизградба и комплетирање на фекалната канализација во населено место Ракотинци, изградба на првата фаза фекална канализација вклучувајќи и пречестителна станица во населено место Добри Дол, целосна реконструкција на спортскиот терен во населено место Долно Соње, реконструкција на ул.1 во населено место Света Петка, изградба на нови простории во подрачното училиште во Држилово како и изградба на комплетно нов спортски терен, реконструкција на мостот што ги поврзува Долно Соње со Чифлик, реконструкција на ул.1 во населено место нова Брезница, нови детски катчиња , нов парк во населено место Сопиште се само дел од проектите кои се обврзуваме да ги реализираме наредните четири години“, истакна Мицевски.

На крај Мицевски истакна дека крупните проекти кои не се во рамките на општинскиот буџет ќе бидат поддржани од Владата и истите ќе бидат реализирани.

„Јас не можам, а да не ја споменам и поддршката која ни следи безрезервно од Претседателот на Владата, проф. Д-р Христијан Мицкоски. Крупните и сериозни проекти кои не се во рамките на општинскиот буџет ќе бидат поддржани од Владата и полека, но сигурно ќе се реализираат за да се решат децениски проекти. Сопиште може и мора да стане ултрамодерна општина која ќе нуди исклучително добри услови за живот“, дециден е Мицевски.