Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Михајлов: Изградба на мини полигон за децата да ги учат правилата во сообраќајот во Пробиштип

Во периодот што следи ќе изградиме мини полигон со симулација на сообраќај,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот што следи ќе изградиме мини полигон со симулација на сообраќај, специјално уреден простор каде децата на забавен, но целосно безбеден начин ќе учат за правилата во сообраќајот.

Полигонот ќе содржи мали улици, крстосници, семафори, сообраќајни знаци и патеки за велосипеди, за најмладите да можат, практично, да ги вежбаат ситуациите што секојдневно ги среќаваат на улица.

Тука децата ќе учат како правилно да поминуваат пешачки премин, како да се движат со велосипед, како да застанат и кога да тргнат. Се во услови кои наликуваат на вистински градски сообраќај, но без никаква опасност.

Реклама

Просторот ќе биде опремен и со клупи и зелени површини, така што родителите ќе можат да се релаксираат, додека нивните деца учат и се забавуваат.

Овој мини полигон ќе стане ново омилено катче за семејствата во Пробиштип, место каде што играта и учењето се спојуваат, а децата стекнуваат здрави и безбедни навики уште од најрана возраст.

Со тоа го подигнуваме нивото на сообраќајна култура и безбедност во целата општина.

За нашите деца, за тебе, за твоето место, за твојата иднина.