Реклама
Македонија

Мерко даде завршни зборови за незаконското поставување директор во Велешта, пресуда в понеделник

Јас ќе сносам секаква одговорност, но Егзона Шеи треба да се ослободи-струшкиот градоначаник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јас ќе сносам секаква одговорност, но Егзона Шеи треба да се ослободи-струшкиот градоначаник Рамиз Мерко на денешното завршно рочиште истакна дека таа не треба да биде обвинета,затоа што се жртвувала децата да не останеле без образование.Шеи едно по друго во два мандати незаконски ја извршувала функцијата в.д. директор во основното училиште во Велешта. Иако не ги исполнувала условите како во поглед на потребното работно искуство така и во поглед на нејзиното образование.

Ми се чини дека душевно чувствувам оти ја малтретираме Егзона Шеи, бидејќи таа се жрвувала себе си на млади години.Како апсолвент да дојде да предава и да помогне, да одржува настава во училиште каде што нема друг избор, за да не останат учениците без образование. изјави Мерко.

Таа немала завршено високо образование,а била примена на работа и со средно образование држела настава по франциски јазик но и други предмети.Јавното обвинитество ја сомничи и дека приложила 2 фалсификувани исправи.

Реклама

Спорно е директорувањето и наАлбана Жута со основното “Браќа Миладиновци” ,која на прославата на патронатот ја забрани македонската химна,а настапи со груб фалсификат на историјата. Таа од професорската функција во училиштето “Ибрахим Темо”,дирекно седнала на директорката фотеља во “Браќа Миладиновци”,без да биде распишан оглас за именување на директор.Обвинителството бара ефективна казна за Размиз Мерко за двата предмети.

“Ефективна казна затвор.Не верувам овој пат да е парична затоа што не може два пати иста пресуда да се донесе. Дали ако е парична ќе ја обжалите? Без разлика дали е парична или условна ќе се обжали” вели Џемал Лога, јавен обвинител.

На Мерко пак кој го иминувал незаконското поставување на в.д. директори,сите му се виновни.Jас сум горд  за сето ова што сум го сработил во овие 20 години и во сите овие 4 мандати како градоначалник на Струга истакна тој.

Со ова што некој го лиферува почнувајќи од медуми, од политика, овие се сите политички работи и од инает на некого што го немам услужено во овие години што сум бил градоначалник ако не му била запослена жената и треба на ваков начин да се осветува. изјави Мерко.

И двете исцрни рочишта кои треа 3 часа одбраната проба да ги одложи,побара од судот спојување на сите кривични дела кои се водат против Мерко во еден предмет ,затоа што како што истакна,обнинителството го дозирало градоначалникот со обвиненија секој трет ден. Пресудата за незаконското уменување директори ќе се изрече во понеделник.

Росица Голабоска