Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Со пет кандидати се очекува жестока трка за градоначалник на општина Центар на претстојните избори

Една од најжестоките битки за иден градоначалник на претстојните локални избори ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една од најжестоките битки за иден градоначалник на претстојните локални избори ќе биде трката за скопски Центар. За просторот кој треба да претставува јадро на урбаниот живот во Скопје, копјата се кршат на секои 4 години, бидејќи партиската борба овде е една од најголемите во метрополата. На 19-ти октомври, силите ќе ги одмерат пет кандидати. Втор мандат повторно ќе се обиде да добие актуелниот градоначалник Горан Герасимовски како кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. Иако неговиот 4-годишен мандат помина без некој поголем скандал, останаа низа ветувања неисполнети како на пример градинка во Маџир Маало, административна зграда на општината кај ПУИК, парк со игралиште кај Клинички центар, како и градинка на истата локација, проект препишан од претходната трка за градоначалник. Сега ветува и двосменско работење на градинките до 22 часот.

Актуелниот заменик министер за енергетика Мирослав Лабудовиќ ќе се обиде да стане градоначалник на Центар како кандидат на ЗНАМ, но поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ. Јавно вели дека се фрустрира од она што го гледа во општината во која живее, па затоа сака прво да се зафати со огромниот проблем со отпадот. Доколку влезе во Кабинетот, ветува дека во првите 100 дена детално ќе ја исчисти Општината. Најавува и ревизија на издадените градежни дозволи, а планира и конкретни проекти за проблемот со паркирањето како катни и монтажни гаражи во Буњаковец, Капиштец и кај новата железничка станица.

За независната Билјана Ивановска , поранешната антикорупционерка, главните приоритети во општина Центар треба да бидат решавање на урбаниот хаос и загадениот воздух. Во својата предизборна програма ветува ревитализација на спортскиот центар Кале и воведување пливање како задолжителна активност за секое дете.

Реклама

За нов Градоначалник на Центар, адут на Левица е Марија Среброва, актуелен кординатор на советничката група на партијата во оваа општина. Меѓу најавените проекти се нов ДУП за социјални станови кај Француски гробишта, комплекс на базени и аквариум под Кале, како и пракса за распишување референдуми за важни проекти.

Петиот кандидат за градоначалник на општина Центар е Лидија Ѓорѓевиќ од Македонска ера трета. Во Центар има 23 членови на Советот. За изборите поднесени се 9 листи со 207 кандидати за советници.