Реклама
Македонија

Пукна водоводна цевка во Влае – голем дел од Скопје без вода

Голем дел од Скопје денес остана без вода поради сериозен дефект на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем дел од Скопје денес остана без вода поради сериозен дефект на главна водоводна цевка со пречник од 600 милиметри на улицата „Франце Прешерн“ 100Д во населбата Влае – соопшти ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Од претпријатието информираат дека поради големината на дефектот, водоснабдувањето е целосно прекинато во значителен дел од градот, додека во останатите делови притисокот е значително намален. Екипите на терен работат интензивно на санација на цевката и се очекува водата да биде вратена веднаш по завршување на работните активности.

На социјалните мрежи веќе кружат снимки од местото на настанот, на кои се гледа како силен млаз вода излегува од подземната цевка и поплавува дел од улицата.

Реклама

ЈП „Водовод и канализација“ најавува дека јавноста ќе биде дополнително известена за текот на интервенцијата и за нормализирањето на водоснабдувањето.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја потврдуваат информацијата за дефектот и велат дека екипите се на терен и работат на негова санација. Поради тоа, без водоснабдување се повеќе општини, меѓу кои Влае и Ѓорче Петров, прецизираат од ЦУК.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк: